Во време кога земјоделците од Росоман, Струмичко, Овче Поле, Ресен се соочуваат со проблеми со наводнување и пласман на змјоделските произиводи, Владата објавува промотивно видео, во кое ги рекламира плодните земјоделски политики.
Чудно, како Владата и земјоделците да не живеат на иста планета. Оние кои се со паметот во ѕвездите се фалат, овие другиве, со кал под ноктите, ги фрлаат приносите по патиштата, по реките, ги сечат овошките, бараат пазари за да не продаваат покрај пат, бараат вода за жедните ниви.
Што вели Владата:
Земјоделството е столбот на нашата економија. Работиме посветено и вложуваме во неговиот развој.
За две години земјоделското производство порасна за 13,6%.
Земјоделците ширум државата добија нови 4.000 хектари обработливо земјиште.
Обезбедуваме повеќе пари за младите земјоделци. 424 земјолдеци добија 10.000 евра неповратна помош.
Ги враќаме парите кај земјоделците. 30% од трошоците за нафта на земјоделците ќе ги покрива државата. Го реализираме проектот „зелена нафта“. Ветивме и остваривме поврат на пресоналниот данок за сите земјоделци.
Со капитални инвестиции во водостопанството ќе се наводнуваат нови 32.500 хектари земјоделско земјиште.
Обезбедивме 38 милиони евра за развој на руралните средини.
Во тек е реализација на преку 200 проекти за локални патишта, водоводи и патишта ширум државата.
Две години чесно работиме рамо до рамо. Две години плодни земјоделски политики. #ЗборотВажи
Што велат земјоделците:
Овчеполските ниви ќе немаат вода, зашто нема кој да им го продолжи договорот за работа на сезонските работници кои го одржуваат системот за наводнување од Злетовица до Каратманово.
Производителите на зеленчук од струмичко Банско бараат да им се отвори пазар на влезот во селото за да можат да го продаваат своето производство. Продажба на зеленчук по улици е строго забрането одговараат надлежните повикувајки се на законската регулатива. Велат дека пазар на големо има во Струмица, каде земјоделците може да вршат продажба на своето производство или пак да го предадат кај регистрирани откупувачи.
Состојбата со градинарството во моментов е хаотична, а голем дел од производството се продава по нерентабилни цени, реагираат дел од градинарските здруженија од Струмичко.
Еколошка катастрофа во Преспа, јаболката од минатогодишната берба завршија дел во Преспанското езеро, дел во реките кои течат во близина.
Граѓаните на Росоман, едни од најголемите производители на праски во Македонија се принудени праските да ги фрлаат и оставаат да скапуваат бидејќи нема откуп.
И за крај, бонус фотографии од успесите на „најуспешниот“ министер за земјоделство Љупчо Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.