Министерот за здравство, Венко Филипче, на утринското гостување во МТВ најави дека се разгледува можноста угостителските објекти да го вратат работното време до 21 часот доколку епидемиолошката состојба биде стабилна.
На прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките по празниците Филипче изјави дека се следела состојбата.
Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите – изјави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.