Вкупно 60.350 земјоделци досега поднеле барања за субвенции. Рокот за аплицирање истекува утре, на 31 јули.
МЗШВ апелира земјоделците да го запазат рокот за поднесување барања за да се продолжи постапката за обработка на решенијата за исплата на субвенциите.
-До денеска најголемиот број земјоделци, 60.350, ги поднесоа апликациите за субвенции, а според информациите од подрачните единици во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува оваа бројка да се зголеми. Сите земјоделци кои сакаат да ги поднесат своите барања можат да го сторат тоа самостојно, по електорнски пат преку регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk, заклучно со утрешниот ден (петок) до 00:00 часот, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
До утре на полноќ се поднесуваат барања за субвенции за растително производство (поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади), за сточарско производство (одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели свињи), како и за заклани животни во кланица.
Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош, можат да се обратат во подрачните единици на Министерството. Доколку им е потребна дополнителна помош, може да се кават и телефонски, на контакт-броевите истакнати на веб страницата на МЗШВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.