Соузот на синдикати на Македонија жестоко реагираше на ставовите на работодавачите за недела како неработен ден, поистоветувајќи ги со робовладетели. Реакцијата доаѓа по дебатата што се одржа денес онлајн во организација на Стопанската комора на Македонија, каде што претставници од неколку стопански дејности рекоа дека решенијата што се предлагаат за недела неработен ден ќе доведат до зголемување на трошоците на фирмите и отпуштање на дел од вработените. На дебатата немаше претставници ниту од синдикатот, ниту од Владата.

Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е еднакво на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи, реагира ССМ.

Од ССМ прашуваат „дали на дебатата станало збор дека за работа во недела само за додатокот кој треба да го платат на работниците, а не го плаќаат, им остануваат 7 милиони евра за само една работна недела и 3 милиони евра за придонеси од задолжително социјално осигурување кои требало да ги платат на државата“.

На каков начин ги мотивирале до сега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го ствараат капиталот?, се вели во реакцијата на ССМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.