Општините имаат противпожарни возила стари половина век. Седум противпожарни возила во земјава се постари од половина век покажуваат податоците од дата базата на Центарот за граѓански комуникации. Во олдтајмери рекордери се Валандово и Струмица со противпожарни возила произведени во 1966 година. По нив следуваат Демир Хисар, Крива Паланка и Битола кои поседуваат противпожарни возила произведени во 1967 година. А Битола и Берово поседуваат и возила произведени 1968 година. Во земјава има 30 противпожарни единици кои можат да гасат пожар со само 220 возила чија што просечна старост изнесува 27 години од кои три четвртини се произведени минатиот век, пишува РСЕ.
Клучни проблеми во справувањето со пожарите се недостигот на нови возила и кадар, а градоначалниците купуваат службени возила, за кои велат, дека не биле скапи.
Целиот текст на следниов линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.