Повратот на 15 отсто од ДДВ, ќе се врши на вкупниот износ на ДДВ искажан во фискалната сметка, независно од тоа дали фискалната сметка ќе содржи поединечни артикли со стапка 18 отсто или стапка од 5 отсто, односно ќе се врши поврат на ДДВ за артикли коишто се оданочени и со 18 и со 5 отсто, информираат од УЈП за Република.
Граѓаните немаат обврска да ги чуваат фискалните сметки додека се оствари повратот од ДДВ.
Доволно е само да ги скенираат преку апликацијата МојДДВ, не подоцна од 10 дена од издавањето на фискалната сметка – велат од УЈП за „Република“.
Што се однесува до снаоѓањето на повозрасните лица со скенирањето и испраќањето на фискалните сметки преку апликацијата на УЈП, оттаму уште еднаш нагласуваат дека благодарение на поддршката која што ќе ја нуди Управата за јавни приходи во целиот процес, таа категорија граѓани тие нема да имаат потреба да купуваат паметен телефон.
Имено, во Организационите единици на Управата за јавни приходи низ целата држава, даночните службеници и волонтери на повозрасните лица кои досега не се регистрирале на системот на УЈП, е-пдд ќе им помогнат да се регистрираат, а потоа преку мобилни телефони коишто се во сопственост на Управата за јавни приходи ќе ги скенираат сметките коишто им се издадени. Дополнително, ќе бидат поставени и баркод читачи преку коишто ќе се скенираат фискалните сметки, како и киосци кадешто граѓаните и со помош на волонтер или даночен службеник, но и сам ќе може да ги скенира фискалните сметки- уверуваат одговорните од УЈП.
Според нив границата која е поставена со возраста, па граѓаните над 15 години можат да земат поврат на ДДВ, а децата под 15 години не можат, е бидејќи лицата под навршени 15 години не се деловни способни и немаат право на лична карта.
Во однос на прашањето, за тоа дали овој проект ќе го опфати платениот ДДВ за извршени услуги, од УЈП информираат дека 15 отсто од ДДВ, ќе се враќа за сите добра и услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно за извршениот промет се издава фискална сметка.
Притоа напоменуваме дека во ова не се вклучени комуналните сметки, бидејќи за истите не се издаваат фискални сметки, туку се наплатуваат преку фактура – нагласуваат од УЈП.
На прашањето зарем не беше поедноствно да се намали данокот на додадена вредност за некој процент отколку да се наплати данокот, па потоа да се враќаат пари кај граѓаните, од УЈП не упатија во Министерството за финании во својство на предлагач на Законот за враќање на дел од ДДВ за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.