Собраниската Комисија за европски прашања утре треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2020 година, во прво читање.

Според Предлог-законот, Пописот ќе предизвика финансиски импликации врз државниот Буџет и тоа: оваа година, наредната (кога ќе се спроведува попишувањето), како и во 2021-ва (за прибирање, обработка и печатење на податоците од Пописот и нивно дисеминирање). Поради тоа, треба да се обезбедат вкупно 522.751.000 денари од кои 221,315,000 за 2019 година и 301,436,000 за 2020-та.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.