Според официјалните податоци на агенцијата за вработвање која ги евидентира лицата кои бараат работа во моментов таа бројка е близу 140 илјади додека пред да се појави пандемијата невработеноста беше сведена на нешто над 100 илјади невработени односно во јануари 2020 година.

Овие бројки само се надополнуваат со последните податоци и од централниот регистар кој за Канал 5 потврдија дека во првите 6 месеци од годинава 5 илјади компании се згаснати и избришани по разни основи. Лани споредено со истиот период односно со првите 6 месеци кога и пандемијата и рестриктивните мерките беа поизразени таа бројка сепак беше за околу 300 компании помалку.

Бројките покажуват дека во 2018 година централниот регистар избришал 6800 фирми во 2019- 7200, лани 6200 компании биле избришани а годинава само за половина година згаснати се 5000 компании. Пандемијата со ковид и разните мерки кои се воведуваа придонесоа за серизони закани за работењето на одредени компании како што се намалените нарачки за текстилните индустрии и ударот врз угостителско туристичкиот сектор кој во време на пандемијата и водените протоколи работи на работ на рентабилноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.