Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во вечерашното интервју на Телевизија 24 рече дека за сите сомнителни случаи за непотизам за членови на актуелна власт се отворени постапки, но дека од повеќе причини нема да стигнат резулатите од истрагите да ги објават пред изборите.
-Сите тие случаи се отворени. И при крај сме со објавување на резултатите од истрагите. Сега не можам ништо да откријам, тоа ќе биде објавено на јавна седница. Нашата опсервација е насочена кон одговорното лице, а вработувањето е ефектот од непотизмот. Аршинот ни е ист за сите случаи. Изборите не не спречуваат, ни попречи тоа што моравме да држиме отворена седница за приговорите. Наредна недела јас сум на пат и од сите тие причини ќе мора да се одложи објавувањето на резултатите, не поради изборите, рече Ивановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.