Трошоците на живот во јули во однос на јуни се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Податоците покажуваат дека за една година, од јули 2020 година до јули годинава трошоците на живот се зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 5,4 проценти.
Пораст во однос на претхјодниот месец јуни е забележан кај цигарите за 0,9 проценти, млекото за 0,8 проценти, лебот и житата за 0,4 проценти и пивото за 0,3 проценти. Зголемување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49,9 проценти, гасот за домаќинствата за 8,4 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5 проценти, течните горива за домаќинствата за 4,7 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 3,4 проценти, услугите за сместување за 2,2 проценти…..
Намалување е забележано кај маслото и маснотиите за 2,2 проценти, виното за 1,6 проценти, месото за 0,7 проценти и сирењето и урдата за 0,3 проценти. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот има и кај парамедицинските услуги, теписите, облеката, мебелот и покуќнината, кујнскиот прибор, обувките
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.