Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, предложи нови мерки како би се зголемиле приходите во буџетот, а при тоа даночниот систем да биде поправеден. Наместо прогресивен данок, Илиоски предлага граѓаните кои имаат две возила да плаќаат поскапа регистрација за второто, а оние кои имаат два стана да плаќаат повисока даночна стапка за вториот.
Неколку пати имам кажано од ова говорница, бидејќи ова влада не знае ништо да сработи, се што прави прави популизам. Ова е класичен популизам, богати да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку. Па и сега господине министре богатите плаќаат повеќе. Тој што зема 60 илјади денари плата, ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 6000 денари данок, тој што зема 20 илјади плата ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 2000 денари – рече Илиоски обраќајки му се на министерот за финансии на денешната комисиска расправа за финансирање и буџет.
Според него постои друг начин за полнење на буџетската каса, додавајќи дека владата може да оди со кратење на непродуктивни расходи.
Доколку сакате да воведете правилен данок, воведете данок на богатство, данок на имот. Оној кој има две коли да плаќа поскапа регистрација за втората, а оној кој има два стана да плаќа повисока даночна стапка. Тоа е разлика меѓу богати и сиромашни, да најдеш начин од богатите бидејќи имаат повеќе да земеш да прибереш повеќе средства во буџетот на државата. А ова не е данок со кој што праведно ќе земете од богатите, ова е данок со кој што успешните кои што живеат од плата, живеат од својот труд и личен доход, ќе ги мотивирате да најдат начин да го изиграат данокот и да плаќаат помалку. Само тоа ќе го постигнете – изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.