Остануваат уште десет дена за земјоделците да поднесат барања за субвенции. Крајниот рок за такво нешто е 30 јуни.
Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај.
Министерството за земјоделство апелира земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk, а доколку не можат или не знаат како, да се обратат во подрачните единици на МЗШВ каде ќе добијат помош.
Барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, додека барањата за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на аплицирањето.
Пред да поднесат барања за субвенции, земјоделците треба да ги ажурираат податоците за да бидат точни и целосни информациите во сите системи од каде Платежната агенција потоа ги презема. Потоа може преку веб страницата на Агенцијата електронски да поднесат барања со претходна регистрација во системот и клик на банерот „директни плакања” – е-барање.
За финансиска поддршка во земјоделството оваа година се предвидени 3.723.103.000 денари, а аплицирањето почна на 5 април 2021.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.