Неби Хоџа од Стопанската комора на северозападна Македонија во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, каде што гостуваше и екс-премиерот Зоран Заев, му прочита анкети од членките на Стопанската комора на северозападна Македонија, каде што членките на оваа комора одговориле дека економските мерки на Владата ни малце не ги задоволуваат нивните потреби за излез од кризата.

„58,3 % од компаниите работат редуцирано, 8,3 % со скратено работно време, 8,3 % целосно затворени и останитете проценти не одговориле. Меѓутоа од друга страна на 35% е намалена побарувачката на компаниите со произведен капацитет, што значи дека ќе се рефлектира и врз другите компании истакна Хоџа.

Тој покажа и анкета, на која членките одговориле и на прашањето колку од компаниите се задоволни од мерките донесени од Владата.

„41% мислат дека мерките нема да помогнат, 17% од компаниите се изјасниле дека мерките се соодветни и 8% мислат дека мерките треба во целост да се променат. Следното прашање, колку од мерките се употребени, дури 60% од анкетираните одговориле дека нема да користат ниту една мерка, 21% одговориле дека ќе ги употребат и останатите одговориле дека ќе ги употребат, доколку владата предложи нови мерки“, рече Хоџа.

Ова е уште еден доказ, директно од коморите каде што јасно се гледа дека економските мерки не се доволни за помош во економијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.