Oва денес за што се фалат Заев, Бочварски и Рамадани во Битола е само евтин маркетинг!  И тоа по втор пат, бидејќи и пред изборите во 2020 година се фалеа со истата инвестиција – нов трансформатор во ТС Битола 2. А за 400 кВ далновод кон Албанија веќе е мизерно да се рекламираат, бидејќи е проект на ВМРО-ДПМНЕ, кој не успеаја да го продолжат во четирите години од нивното владеење. Иако не го поместија од мртва точка овој проект со 400 кВ далновод кон Албанија, штом ќе се јави потреба за сликање веднаш го активираат, пишува во реакција на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Колку само трансформатори ќе сменеа и нови далноводи ќе изградеа со скоро 8,5 милиони евра загуба што ја продуцираа за неполни три години? „АД МЕПСО ја заврши 2020 со загуба од 6 милиони евра, се очекува ново поскапување на струјата?“- објавуваат порталите. За неполни  четири години раководството формирано од СДСМ и ДУИ, генерираа загуба од 8,5 милиони евра, од кои за 2020 година се 6 милиони евра. Како за само четири години владеење на оваа Влада се остварила неколкукратно поголема загуба? Како е можно компанија како МЕПСО која е во државна сопственост и врши регулирана дејност да стане ваков загубар? Дали причината за ваквата состојба лежи во расипничкото однесување на СДСМ и ДУИ со државните ресурси? Или пак можеби незнаењето и немањето интерес правилно да се менаџира државниот капитал, прашува тој.

Минатата година имаше зголемување на цената на струјата за 7,4 %. Оваа година колку ќе биде зголемувањето, ако се земе во предвид дека освен зголемени трошоци за вработување, во енергетиката нема никаква нова инвестиција.

Народот веќе не паѓа на нивните сликања, возења со хеликоптери и мотори. Одговорност за сите лаги  и кражби на државниот имот мора да има! Македонската пролет започнува од народот, завршува реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.