Попладнево во Гостивар пред објектот на ЕВН се одржа вториот протест против поскапувањето на струјата, јавува Гостивар прес.

Ова се манипулации и лаги од Владата. Го лажат народот, само за да седнат во фотелја. Кога ќе седнат ништо не мислат на народот. Не можеме да излеземе на крај со плаќање на сметките, земам 200 евра пензија, а 10 луѓе сме дома со две мали деца. Не стасуваат парите ни за леб и вода, а не пак струја да платиме, вели еден од учесниците на протестот, пренесува Гостивар прес.

Протестот го поддржа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Во време на пандемија државата треба да им помага на граѓаните, а само кај нас се случува парадоксална ситуација државата да ја поскапи струјата и тоа не е во ред, изјави Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.