Само 7000 денари плата добиле вработените во Јавното претпријатие Комунално Струга за месец март, објави „Алсат“. Ако се знае дека минималната плата е 14500 денари, тоа значи дека дел од вработените зеле само 50% од личниот доход, додека поголемиот дел само 30 до 40%. Директорот, Иван Клечкароски вели дека ова се должи на лошата состојба во која се наоѓа претпријатието поради последните случувања со корона вирусот и слабата наплата која се движи помеѓу 18% и 22%.

Успеавме да собереме средства во висина од 7000 денари за секој вработен.За месец март и очекуваме дека до после викендот основачот ќе ни помогне да обезбеди средства за останатиот дел од разликите.Но останатите трошоци како што се горивото,резервните делови и останатите потрошувачки трошоци што произлегуваат од тековното работење ќе сме во еден сериозен дефицит, вели Иван Клечкароски, директор на Комунално Струга.

Но како што за сега стојат работите тешко е дека струшките комуналци ќе добијат плата за април.

Просто се прашувам.И јас незнам како ќе излеземе од овој проблем, Тешко дека ќе поделиме плата за април или тоа ќе биде во лимитирана форма. Неблагодарно е да прогнозирам, но не очекувам некое поголемо раздвижување доколку не се отворат сите стопански субјекти на кои им вршевме услуга, рече Иван Клечкароски, директор на Комунално Струга.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.