Коронавирусот ја затвори првата странска инвестиција во охридско-струшкиот регион, „ОДВ Електрик“ со повеќе од 450 вработени, пишува АлфаТВ. Од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека корона вирусот е дијагностициран кај едно лице вработено во оваа германска компанија од областа на автомобилската индустрија.
Заразената која одела на работа до 8-ми мај, е со лесна клиничка слика и нејзиното лекување се спроведува во домашни услови. Компанијата во која денес се врши целосна дезинфекција, ќе биде затворена најмалку до 23-ти мај, велат од Центарот за јавно здравје. Од таму додаваат дека ќе се тестираат само оние лица кај кои евентуално ќе се појават симптоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.