Кога министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на бизнис-секторот му ги понуди „кецашите“ од администрацијата, јавноста ја дочека информацијата со потсмев. Но, визијата на Манчевски се разобличува во последните денови од истекот на владата на СДСМ.

Во момент кога се активни околу 247 огласи, единствена лочигна причина подолг период да не биде во функција интернет-страницата на Агенцијата за администрација е формирањето партиска војска да помине далеку од очите на јавноста, да не се пријавуваат многу кандидати, а при полагањето на подобните да им бидат решени текстовите. Иако денес функционира, страницата беше во прекин од втората половина на ноември, така што не можеа да се следат огласите и преносите во живо на полагањата.

Подолго огласите можеа да се видат само во весниците или на порталите najdirabota.mk vrabotuvanje.mk и сл, а во меѓувреме сведоци сме дека Горановци и Златковци стануваа Албанци за да се вработат во државните претпријатија.

Како припадници на малцинските заедници се вработија и Калчиноски и Јанкулоски.

Активни огласи

ЦУК 8
УГД 1
Училиште Никола Карев Скопје 1
Училиште Љупчо Сантов Кочани 1
Ревизорско тело за инструмент за претпристапна помош 2
Училиште Климент Охридски Делчево 1
Училиште Крсте Мисирков Гевгелија 1
Училиште Илинден Крива Паланка 1
Општина Чешино Облешево 2
Управа за извршување на санкции 18
Министерство за правда 10
Државен инспекторат за локална самоуправа 4
Министерство за култура 1
МИОА 35
МЗШВ 14
МЗ 2
МЕ 5
Комунално Битола 2
Водовод Кочани 2
КПВРМ 3
КПУ Затвор Скопје 2
Центар за социјални работи Ск 2
Центар за социјални работи на Град Скопје 2
Водовод Битола 1
Универзитетски институт за томографија 1
Белодробни заболувања Козле 4
Здравствен дом Ресен 2
Здравствен дом Демир Хисар 1
Комуналец Крива Паланка 3
Општина Струмица 3
Општина Струга 30
Општина Охрид 10
Општина Новаци 1
Општина Лозово 1
Оптина Крушево 1
Општина Крива Паланка 2
Општина Демир Капија 4
Општина Делчево 2
Општина Велес 2
Општина Брвеница 1
Општина Аеродром 6
НУ Охридско Лето 1
МНТ 2
Филхармонија 4
Завод за заштита на споменици и култура 1
Археолошки музеј 1
Народен театар Битола 3
Управа за финансиско разузнавање 1
Управа за финансиска полиција 2
Железници 13
ЈКП Желино 1
Центар за социјални работи Куманово 1
Детска градинка Буба Мара 1
Центар за социјални работи Прилеп 1
Библиотека Кочани 1
Држ завод за индустриска сопственост 1
Дирекција за заштита и спасување 2
Дирекција за задолжителни резерви на нафта 1
Генерален секретаријат на Влада на РМ 10
Агенција за управување со одземен имот 4
Агенција за вработување 1

Најголемата иронија е МИОА, за каде има оглас за 35 вработувања, а Манчевски во секоја изјава нагласува превработеност и кратење на администрацијата.

Тура предизборни вработувања имаше пред Нова година.

Овојпат дувлото е Агенцијата за катастар. Во јавниот оглас пишува дека се врабтуваат 23 државни службеници по етнички клуч: седумнаесет Албанци, по двајца Роми и Турци, еден Србин и еден од други националности.

На само десетина дена пред формирање техничка влада беа објавени десетици огласи за вработувања во МВР.

Во почетокот на ноември најмногу луѓе се вработуваа во општините, по кои следуваат министерствата, па на крајот доаѓаат и јавните установи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.