Портпаролите на Владата денеска соопштија дека Владата на последната седница донесе и Одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје од V категорија.
Со оваа одлука се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности, спречување на дејствија што можат да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите, создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.Владата донесе одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје од петта категорија.
Со оваа одлука се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа, се наведува во владиното соопштение.
Во расправата по повод оваа точка Владата донесе заклучок дека останува отворена за дебата и сугестии во однос на предлогот за донесување на „лекс специјалис“ за Водно како можност за дополнително унапредување на заштитата на Водно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.