Од 23 илјади тони колку што тежи годинашниов род на тутунот досега се откупени само 250 тони по просечна откупна цена од околу 135 денари. Лани пак во истиот период биле откупени 10 илјади тони по просечна откупна цена од 220 денари,тврдат од сојузот на тутнските здруженија. Поради ваквите катастрофални цени, тутунарите денеска излегоа на предупредувачки протест во Прилеп.

Протестот ќе започне во 12 часот од споменикот „Прилепски бранителите” во 12 часот, а предвидено е да заврши во 14 часот пред општина Прилеп.

Тутунарите најавуваат дури и блокирање на откупните центри од утре, доколку се продолжи со откуп по истите цени.

„Од понеделник и вторник секаде каде што се предава тутун, доколку има нереална проценка, се зема тутунот класа подолу да се блокираат откупните центри, на самото место вагите да бидат блокирани, да се извести Министерството, да се извести Инспекторатот“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.