Во тек е протестниот марш на туристичките работници.
Пет месеци без работа. Ова е најкусиот опис на „ангажманот“ на македонските туристичките работници, чија дејност од март заклучно со јули претрпе огромни штети поради корона-кризата. Вториот бран на епидемијата во регионот, и рестриктивните гранични режими во голем број земји, ги ускратија надежите на македонските туристички работници дека овој сектор ќе проработи барем во последниот дел од летната сезона. Во изминатиов период тие се обратиле за помош до надлежните институции, но со оглед дека одговорот оттаму доцни, денеска со мирен протест ќе се обидат уште еднаш да го свртат вниманието кон проблемите со кои се соочува оваа дејност, а кои водат кон најнепосакуваниот исход – „клуч на врата“.
Протестен марш на туристичките работници
Posted by MИА.mk on Wednesday, 29 July 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.