Чекорите кои сега ги презема Владата се скапо, но единствено и најбрзо решение да одговори на енергетската криза, вели за Канал 5 професорот по енергетика, Антон Чаушевски.
Според него, интервентен увоз на јаглен и евентуално мазут за активирање на ТЕЦ Неготино ќе чинат милионски суми, но единствено на тој начин: со активирање на домашните капацитети земјава ќе се спаси од големи ценовни шокови.
Овие првите чекори, набавка на јаглен и мазут е најбрзо да ја ублажиме енергетската криза. Капацитети не се градат сега – џабе е тоа, имаме лоша хидрологија – вели Чаушевски, професор.
Откако Владата на денот на изборниот молк ја донесе новата Уредба за прогласување енергетска криза, од министерството за економија најавија дека веќе во вторник ќе се прогласи кризна состојба и тоа со единствена цел – државата да може да им префрли пари на енергетските компании со цел да се зголеми ликвидноста и да може да се интервенира во увозот на струја.
Од Министерството велат дека рестриктивни мерки во моментов не се предвидени.
Ќе биде прогласена енергетска кризна состојба во државата со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании како што се ЕСМ и МЕПСО со цел да се зголеми нивната ликвидност за да може да се интервенира во увозот на струја. Рестриктивни мерки во моментот не се предвидени.
За помош на компаниите, најверојатно ќе се користат 100 милиони евра – пари неискористени од Ковид мерките.
ЕСМ утре треба да соопшти од каде и по која цена ќе се набави јаглен, откако на тендерот за увоз се пријавиле 9 фирми. Очекувањата се првите количини да пристигнат до декември и истиот да се користи до 15 април. Јагленот ќе се носи со камиони и тоа според дневните потреби.
Сепак, додека се обезбедат потребните количини енергенси за да се зголеми домашното производство, МЕПСО влече струја од меѓународните мрежи и трупа милионски долгови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.