Генералниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули, изјави дека негов, но и приоритет на Управниот одбор е да го подобрат технолошкиот процес во „Пошта“, кој имал потреба од 50-тина нови вработувања и тоа во услови кога компанијата бележи загуба од 1,5 милион денари.

Имено според податоците на платформата БизнисМрежа.мк во последните пет години најмногу вработени оваа државна фирма забележала во 2016-та година кога имала 2.237 вработени или 227 работници повеќе од минатата година.Во последните две година АД Пошта работи со загуби.

Во 2020 во АД Пошта се регистрирани 2.010 работници. Пошта во 2019-та остварила приход од 19,5 милиони евра. Сепак годината ја завршила со минус на сметка од еден милион евра.
Во 2020 година оваа државна фирма забележала помал приход од 19 милиони евра. Сепак загубата кај профитот се зголемила, па лани АД Пошта генерирала загуба од 1,5 милион евра.

Макрадули, сепак, додаде дека не планираат толку нови вработувања во овој период и ги чекаат согласностите што ќе ги добијат.

Како компанија имаме потреба од нови вработувања, но се уште немаме објавено оглас. Старосната структура во Пошта е многу висока и 56 луѓе веќе заминаа во пензија, повеќето од нив со високо образование. Во овој период има и многу поштари разнесувачи кои го оствариле правото на пензија и заминуваат. Мораме да најдеме решение, бидејќи согласно Законот за поштенски услуги во секоја од 340-те поштенски единици мораме да имаме и поштари – изјави вчера Макрадули.

Макрадули додаде дека покрај одењето во пензија, има и појава што влијае на одвивањето на технолошкиот процес, зашто Согласно Закон, мораат да се покријат сите региони со поштари.

Согласно законот и колективниот договор повеќе луѓе го користат правото на неплатен одмор во траење од три месеци. Тоа е една негативна појава која не е присутна само кај нас, туку ја има во многу институции. Проверуваме каде се тие луѓе и дали се во држава, но сепак законот им дозволува и затоа во вој момент трпи одреден дел од доставата – прецизира Макрадули.

Тој нагласи дека има и одредени места низ државата каде нема внатрешен кадар со високо образование што може да го префрлат или да го преместат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.