Претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски вечерва во тв-дебата доби на подарок бубези.
Вечерва во телевизијата „Клан Македонија“ се дебатира за зголемувањето на цената на електричната енергија. Панелисти во дебатата беа Бислимовски, членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи и професорот Илјаз Илјази.
Кренар Османи од Иницијативниот совет во име на граѓаните, симболично, додека се одржуваше дебатата, му подари бубрези на претседателот Бислимовски, истакнувајќи дека на граѓаните само тие им останале за да ги донираат во енергетските компании.
Тој додаде и дека состојба не им овозможува на граѓаните да ги плаќаат високите сметки па наместо тоа, граѓаните треба да ги продаваат органите со цел да ги платат сметките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.