Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски посочи дека денеска владата на Албанија потпиша договор за инвестиција во градот Драч од две милијарди евра. Инвестиција која што целосно треба да го трансформира пристаништото во Драч и целата околна област. А, исто така денеска, една од најголемите јапонски фирми за производство на електрични мотори „Никеј“, објави дека во Србија ќе инвестира 1,9 милијарди евра.

„Значи, само во еден ден, во соседството имаме најава за инвестиции од околу четири милијарди евра, а во Македонија Заев и неспособните околку него не можат да купат една вакцина. Тоа е тажната вистина за Македонија и затоа оваа власт, треба и ќе си оди ден и час поскоро, нешто што ќе го гледате во неделите кои што доаѓаат“, рече Николоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.