Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Во првата половина на мај делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, во која ќе биде и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе бидат во Грција каде што ќе го потпишат финалниот договор за преземање на обврски од страна на двете држави за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава, со што ќе се овозможи поврзување на гасоводите од двете земји.

-Во првиот дел на мај, како Министерство за економија заедно во делегација со претседателот на Владата, Зоран Заев ќе бидеме во Грција каде што ќе го потпишеме финалниот договор за превземање на обврски и од нашата држава и од нашиот сосед Грција за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава каде што на некаков си начин ќе подолжимево нашата намера за диверзификација на снабдување со природен гас и енергетски ресурси, што не само што ќе отвори нови работни места, но дополнително на тоа ќе придонесе и во намалување на цената во делот на енергетиката, рече Бектеши на денешната дискусија за националната подготовка на Конференцијата СОР 26 во Глазгов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.