Во петок со почеток во 18 часот во паркот Чаир граѓаните повторно излегуваат на протест поради поскапувањето на струјата за 7.4 проценти.

Организаторите утре од пред зградата на владата ќе го најават новиот протест. Повторно ќе побараат повлекување на одлуката за поскапувањето, но ако тоа не се случи најавија радикализирање на протестите.

Демонстрантите на минатонеделниот протест покрај ова, побараа и формирање на независно арбитрирано тело за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Минатата недела покрај протестот кој се одржа во Скопје, беа организирани протести и во неколку други градови, односно, во Гостивар, Тетово, Куманово и Дебар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.