Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ) завчера ги објави „Пандорините документи“, коишто содржат околу 12 милиони документи, кои откриваат дека светски лидери, милијардери и јавни ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании.

Според мапата на веб-страницата на ИЦИЈ, во документите има и две офшор-фирми на сопственици од Македонија.

Засега нема информација кои се тие сопственици, ниту кои се фирмите, а од ИЦИЈ најавија дека документите ќе ги објавуваат постепено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.