Пребукирани за свадбени прослави се хотелите во охридско-струшкиот регион до крајот на септември. Поголемиот дел од резервациите се од ланската година кои беа одложени поради пандемијата.
Сега протоколите кои ги донесе Комисијата, според „Хотам“ се спроведливи, единствена забелешка е ограничениот број на гости бидејќи Македонците и дијаспората имаат традиција да прават свадби со над 300 гости.
Свадби ќе се прават и во работни денови. Попуштањето на мерките доведе до недостиг на капацитети и термини бидејќи протоколот дозволува организирање на свадби само во отворениот дел од рестораните и хотелите.
Во Охридско – струшкиот регион ова лето се очекува да се организираат околу 600 свадбени веселби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.