Во Ниш денеска се ревакцинираат вработените Стопанската комора на Македонија и вработени во нејзините компании-членки чии работни места се со висок ризик.

Имунизацијата, која се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, ја организира Стопанската комора на Македонија заедно со Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум.

Како што велат од Комората, процесот во овој момент се одвива непречено, без задржувања на вакциналните пунктови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.