Сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши во текот на минатата година добила работно место во МЕПСО, потврдија од компанијата за „Фактор“. Влора Бектеши добила работна задача како нов референт во Секторот за правни и општи работи.
Од МЕПСО тврдат дека нема судир на интереси во овој случај затоа што министерот не може да влијае од причина што основач на МЕПСО е Владата, а единствен акционер е Министерството за транспорт и врски.
Влорa Бектеши е вработена во МЕПСО лани во Секторот за правни и општи работи како референт, на оглас на кој се пополнети 23 отворени работни позиции. Целата постапка за вработување е во согласност со Законот за работни односи, а Бектеши на местото референт е избрана меѓу тројца кандидати предложени од стручна комисија, се вели во потврдата на компанијата.
Крешник Бектеши инаку важи за најбогат функционер во Владата на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.