Во Бугарија моментно има 65 жаришта на африканска чума населени со диви свињи. Болеста е присутна и во шест до седум индустриски капацитети, како и во 33 домашни фарми, рече денеска директорот на бугарскиот Центар за проценка на ризик во делот безбедност на храна, Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Директорот на АХВ Атанасов уште еднаш потврди дека во земјава нема африканска чума, но превентивните мерки се уште се спроведуваат и се подигнати на максимално високо ниво.
Има критики дека сме направиле паника, но не е така. Мора да бидеме подготвени. Биосигурноста е единствената мерка со која може да се бориме против африкаснакта чума, рече Атанасов, додавајќи дека веќе и панамериканските земји го подигнуваат нивото на заштита со оглед дека се работи за т.н. скокачка болест која брзо се шири, за многу кратко време на илјадници километри одалеченост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.