Македонија со неспособната власт на Заев е убедливо на дното по прилив на странски инвестиции во регионот и Европа во 2020 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде потенцираат дека заклучно со месец септември 2020 година во Македонија има помалку странски директни инвестиции во споредба со Србија, Бугарија и Албанија.

По глава на жител за 9 месеци минатата година во Македонија влегле 58 евра, во Бугарија речиси двојно, во Албанија и Србија 4 и пол пати повеќе. Ова покажува каква неспособна и криминална власт ја води државата, поради која странските инвеститори бегаат. Не може да се вадат дека корона кризата е причина за нивото на странски инвестиции, бидејќи корона криза имаа и соседните земји, а кај нив странските директни инвестиции се два до 4 и пол пати повеќе по глава на жител, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, главна причина за отсуство на инвестиции во една земја е корупцијата и криминалот на власта.

Заради криминалната власт која секој ден се богати, народот осиромашува. Поради криминалната власт се задолживме за над милијарда евра нов долг за неколку месеци, а истовремено 54 илјади лица останаа без работа. Со Заев Македонија стана најнесреќната, најсиромашната и најкорумпираната држава во Европа, се вели во нивното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.