Во Македонија ќе се гради еден од најголемите сончеви паркови во Европа, со капацитет за производство на електрична енергија од 350-400 MW. 🇲🇰☀️
Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната 2022 година на локацијата која беше предвидена за карго аеродромот во Штип, која има одлични услови за изградба на фотонапонска електрана.
Согласно планот, првите количини на електрична енергија ќе протечат во текот на 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Оваа фотонапонска централа ќе ги задоволува потребите на околу 116.000 домаќинства.
Ова е директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија. За успешна реализација на инвестицијата, Владата донесе Одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје.
Овој стратешки проект ќе го реализира водечката француска компанија за производство на електрична енергија исклучиво од обновливи извори „Акуо Енерџи“ (Akuo Energy) од Франција, напиша на Фејсбук, премиерот во заминување, Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.