Во декември минатата година Македонија ја посетиле 6.016 странски гости.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи во овој декември во однос на декември 2019 година бележи намалување од 85,2 отсто. За разлика од странските, кај домашните туристи е забележан раст од 20,7 отсто, а нивниот број во декември 2020 година изнесува 25159.

Бројот на туристите во декември 2020 година изнесува 31175, а бројот на ноќевањата изнесува 60345. Бројот на туристите во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е намален за 49,3 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 49,5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемен за 2 отсто, а на ноќевањата на странските туристи е намален за  81,6 отсто.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60,5 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 18,3 отсто, а кај странските има намалување за 84,4 отсто.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 48 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 14,2 отсто, а кај странските има намалување за 84 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.