Заев причини тутунска криза. Тутунот останува неоткупен. Постои сериозна опасност огромни количини тутун воопшто и да не може да се продадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека 1 килограм тутун, се продава по цена од 1 кутија цигари.

Мизеријата која ја живеат тутунарите е заради Зоран Заев, кој дозволи увоз на тутун и со тоа ја намали цената на домашниот тутун. Со месеци владата ги лаже тутунарите. Заев не сака да најде решение за проблемот на тутунарите. Да сакаше Заев решение во корист на тутунарите немаше воопшто да дозволи увоз, и ќе седнеше со откупувачите уште од пролетта, кога за првпат алармиравме дека ќе дојде до проблем при откупот – додаваат од партијата.

Оттаму сметаат дека сега останува само едно решение кое ВМРО-ДПМНЕ го предложи, 100% зголемување на субвенцијата за килограм предаден тутун.

Се друго ќе биде замачкување на очи и лажење на тутунарите. Затоа и тутунарите најавуваат протест зошто гледаат дека Заев лаже – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.