Власта не запира со крадење од народот. Покачувањето на цената на горивата денеска е директна последица на покачената акциза и желбата на Заев да го полни буџетот со пари од сиромашните, обвинија од СДСМ
Во последните месец и половина, од 1 мај до денеска заклучно со денешното покачување, цената на дизелот е зголемена за 8 денари, додека цената на бензините за 10.5 денари, доколку на ова се додаде и покачувањето заради покачената акциза доаѓаме до покачување од 11 денари за дизелот и 13.5 денари за бензините. Заев за месец и половина на секое просечно македонско семејство, му зема околу 1000 денари, само заради покачената цена на горивата. Штетите се дотолку поголеми врз стопанството, и гранките кои што се зависни од горивата како прехранбената индустрија, земјоделството и пред се транспортниот сектор. Зоран Заев и СДСМ го ограбија народот, соопштија од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.