Зоран Заев и натаму ги лаже и ги манипулира македонските земјоделци со лажни ветувања, оние кои со голема мака го заработуваат своето парче леб. И земјоделците како и сите останати граѓани се жртви на кризата предизвикана од корона вирусот, но и на неспособната власт која неуспешно се справува со последиците од истата. Дел од граѓаните неспособноста на власта ја плаќаат со своето здравје и живот, а стопанството и земјоделците се соочуваат со милионски загуби, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Третиот пакет на мерки за земјоделието е класична манипулација станува збор средства наменети за зелена нафта кои се префрлени на ставка на неисплатени субвенции од претходните години.Владата на СДСМ доцни со исплатата на субвенции од 2017, 2018 и 2019-та година, а чиста лага е дека помошта за зелената нафта е 50 проценти.СДСМ вети 50 проценти поддршка за зелената нафта, а со уредба на Владата скратија 100 милиони денари од ставката и повторно помошта се сведе на 30 проценти, соопштуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.