СДСМ покажа што значи класична неработа. За половина година не успеале да реализираат ниту една четвртина од годишно планираните капитални инвестиции. Закочена е изградбата на гасоводите, автопатот Кичево – Охрид кој го почна претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и уште стои во фаза на изградба како пред 3 години, експресните патишта кои беа испланирани и проектирани одамна и до сега со ВМРО-ДПМНЕ ќе беа завршени, велат од ДПМНЕ.
Македонија со СДСМ стагнира. Ниво на реализација од 22.51% е срамно и доказ за класична неспособност.Половина година Македонија не се гради ништо, развојот на државата е закочен. На Зоран Заев поважно му беше да го реализира предизборниот поткуп, наместо да се фати за работа.СДСМ се впушти во купување на гласови, наместо на градење, и тоа ни се случува три години по ред. Откако е СДСМ на власт нивото на реализација на капитални инвестиции за цела година е околу 60%.СДСМ не се способни да ја придвижат државата напред и да генерираат раст и развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.