Во услови на пандемија со КОВИД-19 македонскиот народ има два проблеми: како да се заштити од вирусот кој и не е така едноставен како што се мислеше, но и како да се справи со сиромаштијата наметната поради немоќта на сегашните политичари да делуваат мудро и да ја извадат земјата од колапсот кој ни претстои, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Лесно ќе ни беше ако бевме Естонија. Естонскиот премиер ја презема улогата на лидер во вистинска смисла на зборот, правејќи неколку важни чекори за економијата на земјата. Покрај идејата да се искористат парите од приватниот пензиски столб, сега слушаме дека акцизата на дизелот во Естонија се намалува.

За разлика од кај нас, како антиkpизна мерка Естонија од први мај ја намалува акцизата на дизелот за 9 денари по литар. Владата на Естонија оваа мерка ја презема со цел да им помогне на своите граѓани во ова време на криза.
Во Македонија беше зголемена акцизата за горивата за три денари, со што беше ставен уште поголем терет на грбот на граѓаните.

За сметка на тоа СДСМ се фали дека кај нас нема инфлација и ценовен шок, а ВМРО шири лаги. Да ги потсетиме: вчерашното намалување на нафтените деривати се случи заради тоа што нафтата и нејзините деривати паѓаат на светските берзи. Покачувањето на акцизите се случи заради тоа што СДСМ сака да го полни буџетот со пари од осиромашените граѓани и малите стопанственици кои едвај се држат на нозе.

(фото: илустрација/Пиксабеј)

Наместо да мислат на тоа како да набават апетисани и кафе со тони, како и да шират лажни вести дека на ВМРО му пречат резултатите кои државните институции ги постигнувале во справувањето со корона вирусот и успесите во надминување на еконмската криза, треба да знаат дека реалноста е далеку од онаа која тие ја гледаат со своите „розови“ очила.

Затоа македонски народе, на следните избори имаш шанса да си го вратиш животот, достоинството и идентитетот, така како што заслужуваш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.