13 милиони евра за надградба на #патарините, наместо едноставни и практични #вињети
Наместо воведување вињети за наплата на таксите за користење на државните патишта, државата се задолжува (дополнително и непотребно) за изградба на нови и надградба на постојните наплатни пунктови на автопатите во Македонија од Европската банка за обнова и развој со кредит во износ од фантастични 13 милиони евра. Во состојба на безидејност за нови решенија, за наплата на патарината владата со овој кредит од ЕБОР дополнително ќе го зголеми хаосот на државните авто патишта. Системот за наплата на патираната на Коридорот 10, кој е еден од најфрекфентните, особено во летниот период, е нефективен и неефикасен. Од друга страна пак, Јавното Претпријатие за Државни Патишта не располага со систем за проверка на наплатените приходи од патарини, ниту пак е во можност за да ја потврди веродостојноста на приходот кој се наплатува од наплатните станици за користење на државните авто патишта.
Системот со вињети:
Е далеку поефтин од моменталниот систем на наплата,
Е побезбеден. Сведоци сме на бројни несреќи, односно коли кои се забиваат во инсталациите за наплата на патарина,
Практичен односно нема гужви и чекање редици за плаќање патарина,
100% наплата кај странците и нема проблеми со ситни пари и промена на евра.
Владата инвестира во непрактични решенија, кои се далеку од европските практики. Како за пример, во Словенија и во Бугарија, и во други западно европски земји, системот за наплата на таксата за користење на државните патишта преку вињета кој е далеку поефикасен и попрактичен и не создава хаос, застој и нервоза за возачите и патниците.
Наместо да се олесни превозот на стока и на патници, со скратување на потребното време за превоз и транспорт, на Коридорот 10 дополнително ќе се создаде метеж на наплатните пуктови, особено во текот на летниот временски период. Напишаа од комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.