СДСМ отворено манипулира и ги лаже земјоделците. Воведувањето на таканаречена зелена нафта е само уште една лага во низата на лаги на СДСМ кон земјоделците, во ситуација кога владата на СДСМ и Зоран Заев драстично ја зголемија акцизата за нафта. СДСМ води политика на кражба и лажење. Зголемувајќи ја акцизата далеку повеќе одземаат од граѓаните отколку што ќе овозможат бенефит со зелената нафта, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„СДСМ повторно ги изажеа земјоделците дека ќе добијат 160 милиони евра субвенции. Реалноста е сосема поинаква. СДСМ ја прави истата манипулација како минатата година, односно со предложениот буџет од предвидени субвенции и програма за рурален развој, земјоделците ќе добијат околу 141 милиони евра, односно за цели 19 милиони евра помалку. Земјоделците едвај преживуваат. СДСМ донесе црнило и во земјоделието. Оваа година немаше загарантиран откуп на доматите, зелката, краставиците, бостанот, пченицата, сливите и јаболката. За бедата да биде поголема цените кои им беа понудени на земјоделците беа мизерни и недостоинствени за нивниот труд и мака.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Земјоделците се жртва на политичкото цунами на СДСМ. СДСМ го потцени трудот и производот на земјоделците и затоа мора да замине.

Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа криминогена власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ излезе со соопштение дека во оваа 2019 година Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците, капитални инвестиции и силна поддршка за земјоделството и дека земјоделците добиваат 10,5 милијарди денари или околу 160 милиони евра.

Според партијата, во 2019 година за првпат во историјата ќе се реализира и мерката „зелена нафта“, односно поддршка на земјоделските стопанства од 30 отсто при набавка на гориво за земјоделска механизација. Оваа мерка ќе ги намали трошоците за производство на земјоделците.

Минатата 2018-та беше година на повеќе пари за земјоделците, на крупни инвестиции во земјоделството, водостопанството, во развојни мерки, ИПАРД програми.Се реализираа крупни инвестиции во водостопанствотото, започна изградбата на браната Конско во Гевгелија, изградба на системот за наводнување на тетовски Полог, обезбедени се 28 милиони евра за системите за наводнување Лисиче во Велес и Чашка, како и Јужен Вардар трета фаза. Младите фармери добија најголема поддршка досега со исплатени околу 4 милиони евра за грантови. Силно се поддржа лозарството. Земјоделците добија историски највисока цена на откупот на тутунот од 217.6 денари за килограм како и највисока цена во последните 6 години на откупот на грозјето (13.55 денари за вранец а 12.25 за смедеревка).Склучени се договори за набавка на над 700 трактори на оние на кои им се најпотребни.Во 2018 година склучени се рекорден број договори преку ИПАРД програмата.ЕУ одобри нови 15 милиони евра за конкретни проекти во земјоделството.Светска банка, го поддржа земјоделството во Македонија, со околу 30 милиони евра . Утрвдени се приоритетите на инвестирање на овие средства, прв приоритет се нови откупно – дистрибутивни центри и решавање на пласманот. Во 2019 следуваат нови мерки за поддршка на интегрирани проекти во преработувачката индустрија, зголемена поддршка на сточарството, мерки со кои ќе се влијае на зголемување на извозот, откупот и на примарното производство”, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.