СДСМ манипулира и си поигрува со пензионерите во Република Македонија. Власта со својата лицемерна политика гази врз над 310.000 пензионери и им го крати правото на повисоки пензии. Секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите. СДСМ додека беше опозиција ветуваше повисоки пензии, а сега од позиција на власт кога имаше можност да овозможи реално покачување на пензиите одби да го стори тоа ова се дел од обвинувањата упатени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратениците на СДСМ на Комисијата за труд и социјална политика наместо да работат во корист на граѓаните, тие одлучија да застанат позади партиските интереси и го одбија предлог законот со кој се предвидуваше враќање на старата методологија за усогласување на пензии со која пензиите навистина ќе растеа.

СДСМ со овој несериозен и лицемерен потег создава сериозен удар врз животниот стандард на пензионерите и наместо да им донесе живот како што ветуваше им носи беда.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите. Додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се донесоа голем број на мерки и проекти за подобрување на животот на пензионерите.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги зголемуваше пензиите па така најниската пензија порасна за 106% односно од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари, додека пак просечната се покачи за 80% и од 7.684 денари стигна до стигна до 13.754 денари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.