„Прво го запалија трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, а утрово излезе од погон и Блок 1 поради пукната цевка во котел. Со тоа РЕК Битола е комплетно надвор од погон, бидејќи Блок 2 е сѐ уште во ремонт. Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Со производство на енергија во РЕК Битола од 0 MW, „шампионите “ во енергетиката го имплементираат во целост зеленото сценарио за чиста енергија. За жал, овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните на Македонија, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се сѐ уште високи. За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да си понесат одговорност!, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.