СДСМ преку партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев ја контролира РКЕ. Бислимовски и Орцев не работат за интересите на народот, туку за интересите на партијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари. Народот плаќа поскапа струја за да може струмичка агенција за обезбедување да испумпува десетици милиони евра од универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблици да вртат во РЕК, а финансиерите на СДСМ да добиваат тендери за ископ на јаглен од 6.4 милиони евра. Енергетските компании во државна сопственост се користат за грабеж на народот, преку нив се исполнуваат десетици милиони евра на приватни сметки. Додека Заев полни џеб, народот нема ни за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение потенцираат дека СДСМ ја тоне Македонија. Иако целиот народ е против покачувањето на струјата, СДСМ не ја менува одлуката, затоа што поважен им е профитот, отколку народот. Заев и СДСМ не се решение за проблемот, тие се проблемот. Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.