Наш принцип од стартот е парламентарно функционирање и дека секое евро кое што е на граѓаните и на стопанството дека треба и таму да заврши. И ние се вклучивме со најдобра намера во креирањето и носењето на еден би рекол најстратешките документи во целата држава, за да им помогнеме на граѓаните и стопанството за да ги надминат тешките времиња кои што ги имаме во моментот но и од аспект на подобро соочување со енергетската криза која што ќе настане најверојатно на почетокот на наредната година, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.
Стојаноски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ имаше поднесено амандмани бидејќи треба малку поинаку треба да биде концепиран целиот Буџет, имајќи на ум дека е најгломазен и најголем досега во историјата од 4,4 милијарди евра. И поради тоа со најдобра намера се поднесоа амандмани, но можеше да се види дека мнозинството колку тие амандмани прифати.
Не се 350 милиони, тоа е изјава на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, туку попрецизно се 325 милиони, прифатени беа од прилика 22 амандмани, од кои што 12 на коалициската опозиција би рекол Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ. Конкретно од тие средства би рекол најголемиот дел 250 милиони беа издвоени за оној интервентен фонд на земјоделците кое што беше и ветување на СДСМ од 2016-та година. Ние поднесовме амандман за да биде 600 милиони колку што е и целата големина, но успеавме на крај да избоксуваме 250 милиони денари. А, меѓудругото беа прифатени чинам два амандмани на пратеничката Дафина Стојаноска за одредени интервенции во спортот во Гостивар, беше прифатен и амандман на пратеникот Никола Мицевски за одредени интервенции на бањата Кежовица во Штип. Но, ние имавме и други амандмани за кои што сметам дека треба сега да ги спомнеме, а тоа се амандманите за справување со енергетската криза кој што за жал не бе прифатен ниту еден, појасни Стојаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.