СДСМ наместо да се фали треба да почне да работи. Потроши пред изборите над една милијарда евра за поткуп, а ефектот од тие пари е 40 илјади невработени, историски пад на БДП од речиси 13 проценти. Сега најавува нов пакет на мерки кои пак ќе заврши во фирмите на Заеви и Нина Ангеловска кои веќе земаа државна помош, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое најавија дека Владата наскоро ќе го презентира четвртиот сет мерки.
Криминалната Влада на СДСМ ниту знае ниту умее да се справи со пандемијата во земјата. За тоа е доказ секојдневно високата бројка на новозаразени и починати лица. Од почетокот на пандемијата до денес во државата има над 600 починати лица и тоа не е само бројка тука се животни судбини, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Додаваат дека бизнис секторот секојдневно се жали дека владата заборавила на нив во овие тешки услови и поради тоа се приморани да ги затворат истите.
Единствено нешто за што води грижа оваа криминална влада е само како повеќе да го осиромаши народот, а тие да се богатат. Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот. Заев не е решение на проблемот, Заев е проблемот, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.