Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека неспособноста на Заев и Ковачевски ќе резултира и со поскапо парно.

Ненавременото снабдување со гас на земјава ги става корисниците на градското парно пред огромен ризик од покачени сметки. Наместо власта да набави гас навреме и да се снабди државата во пресрет на грејната сезона, земјата само што влезе во зимскиот период со опасност од големо покачување на парното, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека ова доаѓа на само месец дена откако се најави поскапување на струјата, а државните ЕЛЕМ и МЕПСО плаќаат милиони за увоз и за пенали кон европскиот систем.

Владата не презема никакви активности во насока на обезбедување сигурно и навремено снабдување со енергенси, и затоа сега плаќа десеткратно поскапо со народни пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.