Неспособноста на Заев и Ковачевски ќе резултира и со поскапо парно реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ненавременото снабдување со гас на земјава ги става корисниците на градското парно пред огромен ризик од покачени сметки.
Наместо власта да набави гас навреме и да се снабди државата во пресрет на грејната сезона, земјата само што влезе во зимскиот период со опасност од големо покачување на парното.
Ова доаѓа на само месец дена откако се најави поскапување на струјата, а државните ЕЛЕМ и МЕПСО плаќаат милиони за увоз и за пенали кон европскиот систем.
Владата не презема никакви активности во насока на обезбедување сигурно и навремено снабдување со енергенси, и затоа сега плаќа десеткратно поскапо со народни пари – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.