Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека државава во последната недела потрошила девет милиони евра за да увезе струја, наместо таа струја да ја произведат домашните капацитети, кои не работат затоа што наместо инвестиции во РЕК, власта на Зоран Заев местеше тендери.

Наместо инвестиции Заевци редеа тендери во РЕК, сега увезуваме 5 пати поскапа струја.

 

Само во изминативе недела дена државата увезе струја во висина од 9 милиони евра, истата таа струја доколку се произведуваше во домашните капацитети ќе се произведеше за скоро 5 пати пониска цена.

 

Од домашните капацитети не се произведува затоа што наместо за инвестиции во РЕК, за нова механизација и машини Заевци преку владата даваа пари за рентање на камиони со струмички таблици и машини од фирми блиски на Вице.

 

И сега кога ЕЛЕМ и МЕПСО од фирми со добивка ги направија загубари, ги оставија и без јаглен електраните, а хидроакумулациите ги испразнија увезуваат скапа струја и скап јаглен.

 

СДСМ нема план како да ја извлече државата од енергетска криза, со нив само тонеме. Затоа СДСМ треба да си замине – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.